Вести

Одбојкарките од Куманово со златни букви ја пишуваат историјата на Македонската одбојка

Одбојкарките од Куманово со златни букви ја пишуваат историјата на Македонската одбојка

Одбојкарскиот клуб „Сити волеј Славков” од  Куманово ја освои титулата Куп на Македонија во Финалето на Купот на Одбојкарска федерација на Македонија.

Во конкуренција на дами во Струмица, екипата на ОК СВС Куманово издвои победа над фаворитот ОК Јанта Волеј КВ од Скопје со 3:1 и со златни букви се впиша во историјата на Македонската одбојка освојувајќи ја титулата Куп на Македонија.

kup2 -1

Одбојкарките на  ОК СВС Куманово беа  апсолутно доминантна во сите аспекти на одбојкарската игра: со своите сервиси и блокот посебно, го исфрлија противникот комплетно надвор од ритам и со убедлива резултатска разлика го освоија првиот трофеј во оваа сезона со златен сјај.

kup11-1

Со оваа победа и титулата во Купот на Македонија се највува и интересна борба во финалната серија на плеј оф-от на првенството за титула државен првак, вели тренерот Денис Вујадиновиќ.

Тој вели дека историски гледано, ова е прв трофеј кој било кој тимски спорт  го донесе во Куманово по 1993 година во која РК Шевро Куманово го освои Куп на Македонија.

Денеска, нашите  одбојкарки ќе го играат и  првиот  натпревар од финалната серија на плеј-оф во Скопје во  салата  на ОУ “Невена Георгиева Дуња“.

admin

May 2nd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *