Вести

Во Куманово 21 училиште доставило барање за настава со  физичко присуство на учениците

Во Куманово 21 училиште доставило барање за настава со физичко присуство на учениците

Во Куманово 21 училиште доставило барање за настава со физичко присуство на учениците, останатите училишта ќе организираат онлајн настава, информира градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Тој вели дека на анкетите најголем дел од родителите се изјасниле за физичко присуство.

,,Во моментов општината се обидува да помогне на училиштата со набавка на дезинфекциони средства за да може непречено да започне и образовниот процес, работиме на инсталација на интернет во сите училишта , а како ќе биде образовниот процес не можеме да претпоставиме , ќе ги следиме инструкциите кои доаѓаат од Министерството за образование и наука , а по добивање на согласност од комисијата истите одлуки ќе ги ставиме на разгледување на Советот на општина Куманово”- вели Димитриевски.

За настава со целосно физичко присуство се одлучиле:

ООУ „Вук Караџиќ“

ООУ „Бајрам Шабани“

ООУ „Толи Зордумис“

– П.У. с. Режановце

ООУ „11 Октомври“

– П.У. с. Речица

– П.У. с. Долно Којнаре

ООУ „Магдалена Антова“

УОМО „Панче Пешев“

ООУ „Кирил и Методиј“ с.Романовце

– П.У. с. Агино

ООУ „Јероним Де Рада“ с.Черкези

ООУ „Битолски Конгрес“ с.Лопате

ООУ „Браќа Рибар“ с.Табановце

– П.У. с. Сопот

– П.У. Којнаре

– П.У. с. Костурник

– П.У. с. Четирце

ООУ „Вера Которка“ с.Клечовце

ООУ „Карпош“ с.Умин Дол

– П.У. с. Љубодраг

ООУ „Наим Фрашери“ избрале физичко присуство за настава во IV и V одделение, додека учениците од VI – IX одделение е побарано да посетуваат онлајн настава.

ООУ „Христијан Карпош“ бараат онлајн настава за централното училиште, освен за 3 паралелки во IV одделение кои ќе посетуваат настава со физичко присуство. Подрачните училишта во село Тромеѓа и населбата Иго Тричковиќ е побарано да вршат физичка настава.

ООУ „Кочо Рацин“ бараат онлајн настава за централно училиште, освен за ученици кои немаат интернет и кои ќе посетуваат настава со физичко присуство. Подрачните училишта на „Кочо Рацин“ во Доброшане, Биљановце, Орашац, Кучкарево, Габреш и Градиште ќе посетуваат физичка настава.

ООУ „Браќа Миладиновци“ доставиле барање за онлајн настава, освен за посебните паралелки. Учениците на „Браќа Миладиновци“ во подрачните училишта во селата Пчиња и Студена Бара е побарано да посетуваат физичка настава.

ООУ „Крсте Мисирков“ се одлучиле за физичка настава на учениците од прво до третто одделние, додека повозрасните ќе посетуваат онлајн настава, како што гласеа и првичните препораки на ресорното министерство.

Од средните учичита ССОУ „Киро Бурназ“ ќе бараат наставата да се изведува целосно со физичко присуство.

СОУ „Перо Наков“ – Физичко присуство за I година, а онлајн настава за I, II III година, освен по праткична настава со физичко присуство.

ОСТУ „Наце Буѓони“ – Онлајн настава за сите години, освен по праткична настава со физичко присуство.

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Сите паралелки се поделени во две групи кои ќе се менуваат на една недела со физичко присуство и онлајн настава.

СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ се одлучиле за целосна онлајн настава.

radiobum

September 16th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *