Вести

Во училиштата во Куманово нема позитивни случаи на заразени со коронавирусот, единствениот проблем се интернет-врските  или застарената ИТ опрема во училиштата

Во училиштата во Куманово нема позитивни случаи на заразени со коронавирусот, единствениот проблем се интернет-врските или застарената ИТ опрема во училиштата

Во училиштата во Куманово нема позитивни случаи на заразени со коронавирусот, ученици , наставници и директори на училишта од почетокот на учебната година, а во случај да има позитивни секое училиште ќе постапува навремено, согласно изготвените протоколи и алгоритми,а со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес- вели Соња Тодоровска, советничка во советот на општина Куманово од СДСМ.

Тодоровска, денеска на пресс конференција потенцираше дека во овој момент сите мора да бидеме свесни дека ова е нова ситуација и нови предизвици со кои се соочуваме при реализација на наставниот процес, и како родители, и како наставници, и како ученици.

,,Сакам да потенцирам дека секој ден бројот на учениците што успешно следат настава од далечина се зголемува, условите за работа во училиштата се подобруваат, а наставниците и учениците се подобро се снаоѓаат во новите услови во кои се реализира наставата.
Наставниот процес будно се следи од сите негови чинители, свесни сме за проблемите со кои се соочуваме при реализирање на наставата, најчесто тоа се интернет-врските или застарената ИТ опрема во училиштата”- вели советничката Тодоровска и додава дека локалната самоуправа на Општина Куманово во координација со Министерството за образование и директорите на училиштата постојано работат на надминување на овие проблеми.

,,Се врши набавка на нова ИТ опрема и подобрување на интернет врските, но мора да знаеме дека ова е процес кој трае и секој ден ќе станува се подобар. Во изминатиот период училиштата од нашата Општина добија донација на определен број на Таблети за следење на настава, свесни сме дека тоа не е доволно, и затоа ова прилика ја користам да ги повикам сите општествно одговорни компании кои сметаат дека можат да се приклучат и да дадат своја донација на ИТ опрема, тоа да го направат. Како граѓани, сите ние треба да сме трпеливи, посветено и одговорно да се однесуваме во овие посебни здравсвени услови,да го сочуваме и заштитиме здравјето на сите нас, но исто така подеднакво важно и одговорно да се однесуваме кон образовниот процес и максимално да се вложиме во успешно реализирање на наставната програма.
Пандемијата со вирусот Ковид -19, донесе нов начин на живот во сите сфери на нашето живеење.Наша секојдневна преокупација е грижата за своето здравје и здравјето на нашите блиски.Според одлуката на Комисијата за заразни болести при Владата на РСМ, учебната година годинава започна на 1 октомври. Наставата се изведува преку Националната платформата за учење од даличина изработена од Министерството за образование за таа намена, морам да потенцирам дека нејзината работа постојано се надградува и подобрува. Бројот на планирани работни денови во наставната година е намален на 159 наставни дена. Наставата ќе се реализира според скратени наставни програми изработени од Бирото за развој образование по сите наставни предмети”- вели Тодоровска.

Во најголем дел од училишта во Општина Куманово наставата се изведува преку Националната платформа за учење од далечина. Еден дел од училиштата, кои ги исполнија сите услови и мерки за безбедно одвивање на настава, од Министерството за образование добија согласност и изведуваат настава со физичко присуство.

Над 80% од учениците следат настава на далечина без поголеми потешкотии. За останатиот дел на ученици кои немаат услови за следење настава на далечина, наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да ја следат нивната работа. Слободно можам да кажам дека во сите основни и средни училишта во нашата Општина наставата успешно се реализира.

Министерството за Образование оценува дека моделот на Националната платформа за изведување на настава на далечина е функционален и успешен, а наставниците и учениците се задоволни од тоа како се одвива наставата.

Сите ние што сме вклучени во образовниот процес и наставниците, и учениците, и родителите мора да се сме единствени и свесни дека секој изгубен час или ден од наставната година е на директна штета на учениците и на сите нас.Образованието е важна и моќна алатка во рацете на секој човек, а учениците мора да продолжат со своето образование, истакна на пресс конференција Соња Тодоровска , советничка во советот на Општина Куманово.

Radio Bum

October 14th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *