Вести

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност, информира УХМР

Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Куманово претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне 19 степени.

Од сабота следува период на стабилно време, освен в недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.

Radio Bum

October 16th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *