Вести

Ветровито време со врнежи од дожд во попладневните часови

Ветровито време со врнежи од дожд во попладневните часови

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Куманово, сончево со умерена облачност. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Radio Bum

October 15th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *