Вести

Нема сонце за ромите во Македонија, со уставот сме рамноправни само на хартија, реагира Ашмет Елезовски од Национален Ромски Центар

Нема сонце за ромите во Македонија, со уставот сме рамноправни само на хартија, реагира Ашмет Елезовски од Национален Ромски Центар

 

Со промена на името и влезот во нато не можеме да ги заборавиме наталожените проблеми во Куманово и Македонија, реагира Ашмет Елезовски од Национален Ромски Центар . Тој вели дека иако гласале за промени сега се во ситуација на еден голем револт, бидејќи актуелната власт заборавила на реалните проблеми и сиромаштијата на граѓаните.

„Наместо да се занимаваат со граѓаните водечката власт се движи од скандал во скандал, немаме конструктивни стратегии, а младите масовно се иселуваат од државата. Живот во Македонија има само во Скопје и Струмица, а во Куманово и останатите градови нема ништо. Граѓаните чекаат пред вратите на градоначалниците со надеж да им ги решаваат проблемите, а примерот со градоначалникот на Куманово без оглед дали е граѓанин или министер тој одлучува да чекаат за да им каже декка има поважни работи, сите имаат поважни работи , а никој нема време за граѓаните”-, вели Ашмет Елезовски.

Тој вели дека Македонија наликува  на монархија во време на австро-унгарска власт  бидејќи се зборува само за две страни македонци и албанци, а останатите националности ги нема никаде. На телевизијата секојдневно гледаме едни исти аналитичари кои ги превртуваат зборовите и се умилкуваат да добијат советничка функција.Политичарите ги заборавија ромите, празните ветувања донесоа револт, раздор и лутина, зголемување на дискриминацијата и расизам. Сме гласале за подобро утре а се соочуваме со разочарување и во името на ромите размислуваме дека сонцето во Македонија не грее за ромите и можеби треба да заминат во трета земја бидејќи политичарите немаат време за нив, нема место, нема буџет, дури ни за една Есма Реџепова нема средства од Министерство за култура за одбележување на еден ден. Ромите се рамноправни само во уставот на хартија но не и во реалност, вели Елезовски и реагира на тоа што  политичарите од ромска националност молчат пред фактите и проблемите .

admin

February 16th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *