Вести

Ново поскапување на горивата, второ за оваа недела

Ново поскапување на горивата, второ за оваа недела

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од денеска се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Оваа е второ поскапување на горивата, првото беше во понеделник на 5 април, а од регулаторната комисија велат дека измените на цените се согласно измените на законот за акцизи кои ги донесе собранието.

Radio Bum

April 8th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *