Вести

Oд утре сите државни шалтери ќе работат до 21.30 часот

Oд утре сите државни шалтери ќе работат до 21.30 часот

Од утре почнува да се применува одлуката за распоред на работното време во органите на управата. Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање лични документи, дозволи и слична документација, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Тоа значи дека од утре шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7.30 до 21.30 часот.
Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

admin

August 31st, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *