Вести

СВР Куманово доби нови возила од МВР

СВР Куманово доби нови возила од МВР

Два автомобили Шкода Октавија и комби за специјални работи доби СВР Куманово од Министерството за внатрешни работи.

Началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ се заблагодари на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за возилата.

“СВР Куманово , кој делува во најголема општина во Македонија има потреба од возила бидејќи подолг временски период ништо не е обновено во возниот парк”-, вели началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ.

Од МВР информираат  дека ќе продолжат во инвестирањето во полицијата , а  со проектот “Опремена полиција , безбедни граѓани” во тек е опремувањето на управните служби при СВР Куманово .

admin

December 21st, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *