Вести

Владата решава за нови мерки – полициски час од 20 часот и затворени угостителски објекти

Владата решава за нови мерки – полициски час од 20 часот и затворени угостителски објекти

Владата за денес во 13 часот закажа итна седница, а во 14 часот е најавена прес – конференција на премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.

Како што се дознава, предлог на Комисијата за заразни болестои и на Главниот кризен штаб, е полицискиот час да почнува од 20 часот и целосно да се затворат кафеаните и кафулињата.

Досега полицискиот час почнува од 22 часот, а угостителските објекти работат до 21 часот.

Мерката, како што неофицијално објавија медиумите, ќе се применува од утре и во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти.

Radio Bum

April 5th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *