Вести

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, а забранети се и прославите во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев.

„Ситуацијата налага акција и ние како одговорна влада ги преземаме овие рестриктивни мерки за време на верските и новогдишните празници. Апелирам оваа година да празнуваме одговорно. Оваа е година кога треба да одбележиме а не да славиме“, рече Заев.

Ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор и јасни препораки до верските заедници, до работните организации и до општините за работата на рестораните во хотелските објекти, се дел од препораките кои ги усвои Владата на денешнагта седница.

„Угостителските објекти да работат до 18 часот наместо досегашните до 21 часот“, рече Заев додавајќи дека целта на оваа мерка е, како што кажа „да издржиме сите уште малку пред ваквите рестрикции и да не дозволиме поради празнување ескалација“.

Мерката носи име „Празнувај одговорно“, а целта е заштита од КОВИД-19 во предвечерието на вакцинацијата.

„Соочени со изборот да продолжиме со превентивните здравствени политики и со чекори за излез од кризата сега кога вакцината е на чекор до нејзината испорака, или да влеземе во ризик со неодговорно празнување на новогодишните празници, Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки и препораки од 18 декември до 20 јануари на полноќ со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период“, рече Заев.

Radio Bum

December 15th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *