Вести

Нови мерки во понеделник, крај на работното време во 23 часот, забрана за настани и ограничување на број на патници

Нови мерки во понеделник, крај на работното време во 23 часот, забрана за настани и ограничување на број на патници

Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Целта на овој пакет мерки ќе биде да се намали ширењето на вирусот без директен респираторен контакт, бидејќи се поголем број од новозаразените не знаат каде и од кого се заразиле.

„Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со пандемијата, некои епидемиолошки податоци од анкетите. Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако се уште нема таму сместено пациенти. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат дијагностицираните случаи, со очекуваниот есенски бран“, рече Филипче.
Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа.

Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

Radio Bum

October 16th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *