Вести

Атина Мургашанска носител на листата на СДСМ во Куманово

Атина Мургашанска носител на листата на СДСМ во Куманово

Утре на полноќ, истекува рокот во кој партиите и независните кандидати можат да и поднесат своите кандидатури до Општинската изборна комисија за учество на престојните локални избори.

Носител на листата на СДСМ со коалицијата ќе биде Атина Мургашанска, претседател на Унија на жени на социјалдемократите.

Вечерва СДСМ ќе одржи и конвенција каде ќе бидат претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Извори на Бум од СДСМ велат дека интересот кој да биде на советничката листа на СДСМ бил голем. Со оглед на тоа дека поголем број на кандидатите на коалиционите партнери на СДСМ биле машки пол ,во  СДСМ одлучиле да стават поголем број на жени.

Вечерва во 18 часот имињата на кандидатите за советници треба да поминат на кадрова комисија, а во 19 часот ќе се одржи и партиска конвенција на СДСМ, каде ќе бидат претставени и кандидатите за градоначалник и советници за претстојните локални избори.

 

 

admin

September 13th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *