Вести

Сашко Коцев емотивно ја пренесе пораката на “Ничија земја” – фото

Сашко Коцев емотивно ја пренесе пораката на “Ничија земја” – фото

“Ничија земја” е една од најважните работи кои ги создал македонскиот театар во последните децении и која ќе ве насмее и растажи до солзи – изјави Дејан Пројковски директор на МНТ на отварањето на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал “МНТ Фест”.
Тоа го потврди и публиката која со аплаузи и овации им кажа на актерите дека направиле брилијантна претстава за која режисерот Александар Морфов од Бугарија е добитник на наградата на “МНТ Фест” која Македонскиот народен театар ја доделува за исклучително естетски достигнувања во областа на театарот.
Во претставата “Ничија земја” играат Сашко Коцев, младиот Александар Михајловски кои емотивно ја пренесоа пораката на “Ничија земја” заедно со Никола Ацески, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Каевски, Борче Начев, Александар Ѓорѓиески, Марија Кондовска…

admin

June 6th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *