Вести

„На патот“ преку уметност до поубаво Куманово

„На патот“ преку уметност до поубаво Куманово

ЛАГ АБЕР 2015 продолжува со имплементација на проектот „На патот“, финансиран од швајцарската амбасада. Од неодамна кумановци имаат можност да го видат новото дело креирано за овој проект, мурал од академскиот сликар Дејан Божиновски -Коска, насловен „Козјак“ кој го краси споредниот влез на основното училиште „Крсте Мисирков“.

Делото, велат надлежните од ЛАГ АБЕР 2015, има за цел да го привлече вниманието на младите кон природното и културното наследство на кумановскиот регион, како и да ја афирмира оваа планина како едно од местата за развој на руралниот, планински туризам. Делото, претставува уметничка визија на сликарот Божиновски, која го разбива сивилото на фасадите од кумановските згради.

-Идејата на целиот проект е да се даде поддршка на уметниците и да се развие свеста кај локалните власти и бизнис заедницата, дека можат во голема мера да го искористат креативниот потенцијал на уметниците, и заедно да го направат кумановскиот регион поубаво место за живеење-изјави директорот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски.

Од ЛАГ АБЕР 2015 се надеваат дека муралот на Божиновски ќе биде поттик за раководството на училиштето да ги ангажира уметниците за комплетно доуредување на фасадата. Тие веруваат дека со реализацијата на проектот, ќе дадат придонес во креирањето на нов, модерен, уметнички лик на Куманово, по примерот на големите светски уметнички метрополи.

admin

September 24th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *