Вести

Двајца полициски службеници вербално нападнати од возач без дозвола

Двајца полициски службеници вербално нападнати од возач без дозвола

Сите ќе ве убијам, ќе видите вие – оваа беа дел од заканите кон полицијата од  лице кое управуваше автомобил без дозвола во Куманово.

На улицата Доне Божинов во Куманово вечерва се случи инцидент , каде двајца припадници на сообраќајната полиција беа вербално нападнати и навредувани од татко и син, кои управувале автомобил без дозвола, со закани дека ќе ги убијат.

Полицајците го сопреле автомобилот марка БМВ со кумановски регистарски ознаки, откако го легитимирале возачот кој го управувал возилото без дозвола, направиле записник по што возачот почнал  да им се заканува дека сите ќе ги убие.

По опомена на полициските службеници тој продолжил со заканите по што полицијата повикала засилување. Насилникот бил совладан од полицијата и ставен во полициското возило, а неговиот син продолжи со заканите по што и тој бил ставен во полициското возило и однесени во полициската станица во Куманово.

33policija

22 policia

22 po

 

admin

September 1st, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *