Вести

Нападнат чувар на депонијата Краста

Чувар, вработен во Јавното претпријатие Чистота и зеленило во Куманово , бил физички нападнат на работното место и се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на рака. Чуварот го претепале група крадци кои сакале насилно да влезат на депонијата во Краста . Според информациите на директорот на Чистота и зеленило Сашо Петрушевски насилниците се фатени , а чуварот 41 годишниот Б.В. од село Пчиња поради сериозноста на повредите е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје. Нападот во полицијата го пријавил самиот чувар, кој за среќа бил во свесна состојба. Според информациите кои ги дал на полицијата тој ги забележал крадците и им кажал веднаш да ја напуштат депонијата по што му се доближиле и еден од нив физички го нападнал. Увид на местото на настанот извршила полицијата, насилниците се пронајдени. Според извештајот од МВР, насилникот кој го претепал чуварот е 32 годишниот Б.С. од Куманово . Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

admin

February 18th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *