Вести

Водостопанство ја намали цената на сирова вода, а од Водовод велат дека нема да ја намалат

Водостопанство ја намали цената на сирова вода, а од Водовод велат дека нема да ја намалат

Водостопанство кумановско–липковско поле на Јавното претпријатие Водовод Куманово ќе испорачува сирова вода по намалена цена за 30 проценти, цената на сирова вода Водовод на Водостопанство ќе ја плаќа по 2 денари поевтино.

Намалувањето на цената на сирова вода која Водостопанство кумановско-липковско поле  му ја испорачува на Водовод  било договорено на состанок во владата во Скопје, вели Оливер Илиевски директорот на АД Водостопанство кумановско-липковско поле.

Цената на водата ја донесува регулаторната комисија врз основа на трошоци направени во изминатиот период и развојната програма на Водостопанство. Во владата било договорено Водостопанство да  испрати минимална цена  која може да се донесе, а тоа е 4,48 денари по метар кубен вода која се испорачува на Водовод. Со оваа се намалува цената на водата спрема Водовод за два денари. Претходно Водостопанство испорачувало вода на Водовод за 6, 43 денари.

„Тоа е реално најниска цена за нормално функционирање на Водостопансво Кумановско-Липковско поле  бидејќи  ја имаме  обврската за сервисирање на обврските спрема добавувачите, а сервисирање на браните е многу скап процес„- вели Илиевски.

Тој додава дека  направиле напори долгот на Водовод спрема Водостопанство во висина од 130 милиони денари да  биде избришан, а се во функција  за подобро на граѓаните.

Водовод секој месец се задолжувало кај Водостопанство, директорот  Илиевски вели дека со оваа цена на вода можат само да ги покријат оперативните трошоци , а за инвестициите ќе бараат помош од владата.

Водостопанство покрај испорака на вода до Водовод работат уште две дејности, наводнување и регулација на речните корита, вели Илиевски.

За нападите на социјалните мрежи од неговите сопартици дека не сакал да ја намали цената на сировата вода , Илиевски вели дека не се добро информирани или имаат погрешна информација.

Одлуката на владата ќе ја имаме во најскоро време и ќе видат дека цената на водата е намалена за два денари-вели Оливер Илиевски , директор на АД Водостопанство кумановско-липковско поле.

Од  јавното претпријатие Водовод од Куманово велат дека и покрај намалувањето на цената на сировата вода од Водостопанство нема да бидат во можност да ја намалат цената на водата до крајните потрошувачи.

“Врз основа на методологија согласно закон за утврдување на тарифа на цена на вода, јас се надевам дека со оваа цена 4 , 48 денари која што за нас и понатаму е превисока нема да дојде до зголемување на цената до потрошувачите, но во овој момент со цена што ни е дадена од регулаторна комисија насочува кон зголемување на цена кон крајниот потрошувач, а за четири години се надевам дека ќе има намалување на цената на водата , – вели Горан Стојковски директор на ЈП Водовод.

 

 

admin

May 4th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *