Вести

За продажба на фалсификуван накит едно лице заработи кривична пријава

За продажба на фалсификуван накит едно лице заработи кривична пријава

За 40 парчиња фалсификуван накит кривично ќе одговара 30 годишниот А.К. од Куманово.
Пријавениот, како физичко лице, во текот на 2019 година набавил 40 парчиња фалсификуван накит од трговската марка „PANDORA“, која е заштитена трговска марка. Вака, нелегално набавените парчиња накит, чии ознаки не се оригинални, имал намера да ги продава на разни купувачи со цел да се стекне со противправна имотна корист во износ од најмалку 59.000 денари.
На 28.06.2019 од страна на правното лице кое е застапник на брендот „PANDORA“ за Македонија, е доставено барање за преземање на дејствија со кое бара проверка на сомненијата и документирање на кривичното дело. Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во просториите на правното лице на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 40 парчиња разновиден накит со ознаки „PANDORA“.
Одземениот накит бил фотографиран и фотографиите биле доставени до правното лице кое е застапник на авторски права на производите од трговската марка „PANDORA“ , по што тие известиле дека предметите се фалсификувани.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, казниво по член 285 од Кривичниот законик.

admin

January 29th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *