Вести

КАМПАЊА  “НАЦРТАЈ ПОПРЕЧЕНОСТ”

КАМПАЊА “НАЦРТАЈ ПОПРЕЧЕНОСТ”

Учениците, млади од единаесет до петнаесет години од ООУ Толи Зордумис, покажаа значителен интерес на двете работилници за запознавање со различни видови на попреченост, кои што ги организираше Едукативниот културен центар „Нана“во рамки на кампањата „Нацртај попреченост“ . Кампањата е дел од проектот кој го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.


Младите имаат можност да се информираат за проблемите со кои се соочуваат нивните соученици со попреченост а во исто време и искуствено да се соочат со истите. Преку вежби, симулации и дискусии учесниците поблиску се запознаа со потешкотиите со кои се среќаваат нивните соученици со оштетен вид и слепите деца, глувите и наглувите деца како и децата со физички попречености. Учесниците во работилницата покажаа голем интерес и беа активни и креативни во изнаоѓање на решенија за совладување на секојдневните препреки и потешкотии.

Едуцирањето на децата во рана возраст е една од најдобрите можности да ги научиме на одредени вредности. Токму од тие причини се спроведува и кампањата за подигнување на свеста за попреченост во училиштата, да им се укаже на учениците за важноста на грижата за учениците кои имат одредени пречки во развојот. Работилницата имаше за цел да се разбере значењето на попреченоста и како таа не е одраз на личноста на поединецот, како да се комуницира со лицата со попреченост, објаснување на видовите на попреченост кои можеме да ги сретнеме кај другите ученици, како да им дадеме соодветна помош и поддршка и како да го почитуваме концептот на еднакост без оглед на попреченоста-истакнаа едукаторите од Нана.

Оттаму додаваат дека мора да се стави акцент на општествено важни прашања и да им се даде приоритет. Училиштата се базата во која учениците примаат општествено важни сознанија и информации кои ќе ги применуваат во текот на нивниот живот особено кога ќе се вклучат во општеството како одговорни возрасни лица.

Важноста на спроведување на едукација за лицата со попреченост за време на образованието води кон инклузивно општество во кое лицата со попречености се еднакви, прифатени и соодветно згрижени – велат од Нана.

admin

April 10th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *