Вести

Поранешните претседатели на Советот на прием кај Мургашанска

Поранешните претседатели на Советот на прием кај Мургашанска

Средба со поранешните претседатели на Советот на Општина Куманово денеска во пресрет на утрешниот празник на градот, одржа и актуелниот претседател Атина Мургашанска. На средбата дојдоа само Бранко Арсовски и Максим Димитриевски, иако поканети, на средбата не се појавија поголемиот дел од претходниците на Мургашанска, меѓу кои Виктор Цветковски, Зоран Петрушевски, Александар Арсиќ, Владо Митевски.

– Се надевам дека средбата ќе биде особено корисна за мене како новоизбрана претседателка на Советот на Општина Куманово за споделување нови искуства, за пренесување корисни знаења и препораки, од поискусните колеги, поранешни претседатели на Совет, како да бидам успешна во улоата прва меѓу еднаквите и Советот на Општина Куманвоо да биде како што вчера спомнав локален дом на демократијата и место на борба на подобри покреативни и покорисни идеи на градот, а не на политички пресметувања, изјави Мургашанска.

Градоначалникот мора да го слуша Советот, а Советот не мора да го слуша градоначалникот, рече на средбата поранешниот претседател Бранко Арсовски, кој вели дека Советот мора да биде почитуван и од градоначалникот и од граѓани, но и од вработените во институциите.

– Мора да има сериозна комуникација помеѓу градоначалникот, претседателот и советниците во Советот на Општина Куманово. Тоа е мојата препорака до новиот претседател, треба да ги почитува сите советници, да бидат еднакви, да не кажам пред законот, но во сите дебати, да значи едно исто, што значи дека не треба да се дава никаква предност на позицијата или опозицијата, да го почитува советникот кој е во Советот на Општина Куманово, изјави Арсовски.

Иако претходно ги повика на средба поранешните градоначалници, сега беше гост како поранешен претседател на Советот, Максим Димитриевски вели дека ќе даде максимална можност во законските рамки, Советот да ги претставува граѓаните на Куманово.

– Јас сум предлагач на сите акти, советот е тој кој што ги прифаќа или отфрла актите и треба да се вгради во амандманска расправа по самите акти. Зборувам за развојни програми, буџетот на Општината. Претседателот на советот ќе ја има мојата целосна поддршка во делот на рпактична примена на посредничката демократија во нашат аопштина, бидејќи конечната цел на советот е суштествено претставување на граѓаните со идеи и иницијативи, конечната цел е суштински преку децентрализација на власта на локално ниво е да се примени посредничката демократија која е на сила во нашата држава, изјави Димитриевски.

admin

November 10th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *