Вести

МРТОВ МАЖ ПРОНАЈДЕН ВО СТРЕЛИШТЕ СПРОТИ СПОМЕН КОСТУРНИЦА

Безживотно машко тело е пронајдено денеска спроти спомен Костурница, во поранешно стрелиште во Куманово.

slika policija 1

Според првичните информации се работи за маж на околу 60 години, на чие тело немало траги на насилство. Мртвото лице не е идентификувано бидејќи немал лични документи. На себе имал сина јакна и засукани панталони , а бил без обувки. Мртвиот маж го пронашле деца од населбата Средорек кои се играле во објектот на поранешното стрелиште. Од Основното Јавно Обвинителство во Куманово нема да покренат истрага за убиство бидејќи нема траги на насилство информираат од ОЈО. Увидот е во тек.

Igor Andonovik

February 15th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *