Вести

МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ СО ПОРАКА: – “Да одлучиме самите што е најдобро за нас” –

МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ СО ПОРАКА: – “Да одлучиме самите што е најдобро за нас” –

НОВИНАРСКА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИJА

МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ СО ПОРАКА:
– “Да одлучиме самите што е најдобро за нас” –

Младите од Куманово и Старо Нагоричане сакаат да се вклучат во донесувањето на
одлуки на локално ниво, сакаат да ги кажат своите предлози, идеи и решенија за
проблемите со кои се соочуваат. Различни се потребите на младите од двете општини
со оглед на фактот што едната Куманово е урбана средина со скоро 120.000 жители и
втората е рурална општина со само 3.500 жители. Но, заеднички им се визиите за убаво
пристојно живеење во кое младиот човек ќе ги има сите потреби за градење на
иднината во својата локална заедница. Недостигаат многу работи од културни центри,
до места за дружење, спортска и забавна инфраструктура, па сè до покрупни стратегии
кои го решаваат нивниот горлив проблем со невработеноста.


Општина Куманово

Младите сакаат да работат и да остваруваат, да ги изразат своите идеи, желби и
потреби. Но, потребна им е поддршка од возрасните од нив бараат да ги надополнат и
Овој проекте финансиран од Европската Унија
да создадат заеднички визии кои ќе ги води кон успех.


Општина Старо Нагоричане

Дипломираниот актер Матеј Стојковски сака градот да ги препознае желбите и
потребите на младите и да придонесе во нивно реализирање. Во градот, вели
неопходно е да се воведе едукација во основните и средните училишта во Куманово на
тема за антидискриминација и толеранција. Дискриминацијата за овој младкумановец
е најголем отров во општеството и градот мора да работи на нејзино спречување.
– Мислам дека Куманово треба да им служи на младите генерации, да ги препознае
желбите и потребите, да се соочи со предизвиците кои доаѓаат, да смогне сили за нивно
решавање. Антидискриминација на религиски, расен, етнички, сексуален однос. Мислам
дека во Куманово е потребен центар за згрижување на лицата кои се жртви од некаков
вид дискриминација-вели Матеј.
Овој проекте финансиран од Европската Унија


Матеј Стојковски, дипломиран актер, Кумановo

За разлика од него, младата жителка на село Облавце, недалеку од Куманово, Симона
Петровска се соочува со проблеми од инфраструктурен карактер. Првин, вели нема
продавница во селото, а проблем има и како да стигне до градот, бидејќи превоз нема,
нема ниту амбуланта. Училиштето во кое учеле сега се распаѓа.
– Сите ние бараме да има редовен превоз, да си има продавница за наши потреби,
децата да бидат безбедни во училиштето, додека ја следат наставата, патот треба да се
направи, бидејќи сите велат дека ако не се направи патот не може да има редовен
превоз-вели Симона, средношколка.
Ваквите навидум проблеми се основни за младите од руралните средини. А, и во градот
не е сè така средено. Токму, бидејќи е најголема општина сметаат младите потребно е
да се вложува во спортска, забавна инфраструктура.
Стефан Миленков вели дека на градот му требаат спортски терени, не се доволни
Овој проекте финансиран од Европската Унија
постоечките игралишта, бидејќи има и голем број на млади кои сакаат да тренираат.
– Овој град има дефицит од спортски терени. Не се доволни две игралишта за сите деца.
Куманово има голема потреба од терени за спорт, бидејќи во нашиот град има
премногу талентирани деца за секој спорт. Не треба да им се ускратува нивното
задоволство-вели Стефан.


Стефан Миленковски, средношколец, „Перо Наков“ Куманово

Тамара од Младо Нагоричане имаат сосем поинакви потреби, односно има потреба од
основна инфраструктура, пат, осветлување, постојка. Она што за децата од урбаните
средини е сосем нормално и очекувано да го имаат и на кое не се гледа како
привилегија, за младите од Старо Нагоричане е неопходно.
Овој проекте финансиран од Европската Унија
– Во моето населено место немаме постојка каде би се засолниле од дожд, ветер, сонце,
исто така патот не е направен и при временска непогода многу е тешко да се пристапи
до централниот пат-вели Тамара.


Тамара Трајковска, ученичка во СОУ “Перо Наков”, Куманово

Истражувањето на „Рурална Коалиција“ покажува дека од над 100 испитаници млади само 12 проценти учествувале на седница на Совет на општината, дека немаат функционални младински совети, а 39 отсто од нив учествувале барем еднаш во некаков вид на граѓанска акција, но многу ретко во акција којашто се однесува на нив самите и унапредување на положбата во процесот на одлучување којашто ја имаат во локалната заедница. Младите кажале дека не е добра ниту соработката со локални медиуми и новинари.

Истражувањето на „Рурална
Коалиција“, вели Лилјана Јоноски,
покажуваат дека младите делумно или
Овој проекте финансиран од Европската Унија
скоро воопшто не ги препознаваат мерките за креирање на локални младински
политики, скоро младите и да не членуваат во организации. Стратегии за млади,
остануваат само на хартија, а нивна имплементација или пак мониторинг речиси и да
нема, па така општина Старо Нагоричане нема стратегија за млади додека пак во
општина Куманово само 22% од испитаниците кажале дека се запознаени со содржината
на стратегијата која што треба да ја унапреди токму положбата на младите во локалната
самоуправа.Младите бараат функционални локални младински совети, соработка
помеѓу сите институции на локално ниво, воспоставување на практика за соработка и
преземање на заеднички иницијативи со локалните медиуми и новинари, но и поголема
едукација и зголемување на медиумската писменост кај младите
Во Куманово до неодамна имаше стратегија за млади која истече во 2019 година. Дури и
Куманово беше меѓу ретките градови кој имаше младинска стратегија која требаше да
понуди вклученост на младите во креирањето на локални младински политики. Во
Старо Нагоричане нема таква стратегија.
Од општината Старо Нагоричане велат дека сите барања кои ги имаат младите можат
да ги достават до советот и до градоначалникот и она што досега е доставено, а се
однесува на изградба на спортски игралишта е реализирано. Од Советот на општината
Старо Нагоричане велат дека младите покажале незначителен интерес за и инивијативи.
Во Куманово требаше да почне процесто на креирање на нова стратиегија за млади, но поради ковид кризата процесот е забавен. Од општината влат дека ќе продолжат штом се создадат услови. Оттаму додаваат дека младите доста се застапени во останатите програми како што е локален економски развој каде им се нудат повеќе можности за намалување на младинската невработеност, поддршка за младинско усовршување, за стартап компании, доеукација,професионално усовршување …

Флорим Реџепи од младинската
организација ЦИД, чиишто претставници
работеа на креирањето на претходната
стратегијата појаснува дека клучна локална
политика со која локалната самоуправа
докажува дека ги идентификува младите
како посебна демографска и социоекономска категорија и согласно нивните
потреби треба да предвиди мерки и
Овој проекте финансиран од Европската Унија
активности преку кои ќе ги задоволи потребите за развој на младите и општеството.
Досега не е направена евалуација и не може со точност да се утврди што е сработено од
претходната стратегија.
– Со неа младите добиваат релевантност, рамка и визија како локалната самоуправа ги
третира нивните проблеми и потреби во заедница. Поставува подлога за комуникација
со младите и очекувањата на локалната самоуправа спрема младите. Сметам дека еден
од клучните приоритети на секоја стратегија за млади треба да е подобрување на
учеството на младите во донесување на одлуки на локално ниво. Само на овој начин
локалната самоуправа ќе докаже дека гласот на младите е релевантен и ќе креира
простор за директно вклучување и во развој на промени кои пред сè, ќе бидат
дизајнирани да го подобрат животот на младите во заедница-вели Реџепи.
Според законот за младинско учество и младински политики општината е обврзана да
креира локална стратегија за млади во соработка со локалниот младински совет, но
истиот закон не предвидува одредба со кои би се регулирала на спроведувањето на
стратегијата. Тука клучна улога имаат различните чинители кои се тесно поврзани со
спроведувањето на оваа стратегија, но и сериозноста на локалната самоуправа во
имплементацијата, општинските приоритети и политики кон младите.
Од почетокот на ширењето на коронавирусот, младинската политика на локално ниво
воопшто не се споменува. Средствата од буџетот претежно се наменети за
инфраструктура и решавање на приоритети поврзани со решавања на прашања
поврзани со пандемијата. Според податоците на општина Куманово, со годинешниов
буџет во програмата за млади предвидени се три милиони денари, од кои општината ќе
учествува со свои средства од 720,000 денари. Во локалната стратегија за економски
развој, велат од општината има повеќе ставки за подобрување на младинска
невработеност. Оттаму наведуваат дека ќе работат и на обезбедување на простор за
културно делување на младите и · креирање и спроведување на програми за културни и
спортски младински активности.
Младите, сепак сакаат и нив некој да ги праша што во моментов им е приоритет.
Неретко, возрасните и локалните власти не ги сфаќаат сериозно потребите на младите.
Тука значајно место заземаат младинските совети.
– Советот за млади е значаен за младите, бидејќи ќе им овозможи да имаат платформа
преку која ќе ги изнесат нивните ставови и прашања. Клучен предизвик е фактот што
младите ретко се наоѓаат во клучните точки во креирање на политики на локално нивододава Реџепи. Тука клучна улога би имале општинските совети, но и лично советниците
кои би ги пренеле потребите на младите на седници на совет и би се разгледувале
прашањата кои се од интерес за младите.
Овој проекте финансиран од Европската Унија
И додека се чекаат подобри времиња, да се надмине корона-кризата, младите
размислуваат како да заминат што државата ја чини 3,1 процент од БДП. Општините се
тие кои треба да ги спречат младите да си заминат, овозможувајќи им услови да
останат, да креираат, да ја градат својата иднина-тука.

Изработилa
Сузана Андоновиќ, Новинар во Радио Бум, Куманово

Сториjата е изработена во рамките на проектот “Со медиумска писменост до подобрени локални
младински политики” финансиран како под-грант во рамките на Проектот за младинско изразување,
поддржан од ЕУ, а се проведува од Младински образовен форум – МОФ во соработка со Младински сојуз
Крушево и Центарот за балканска соработка – ЉОЈА.

Radio Bum

October 30th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *