Вести

Гордана Силјановска Давкова ја побара подршката од граѓаните на Куманово

Гордана Силјановска Давкова ја побара подршката од граѓаните на Куманово

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на митинг во Куманово побара поддршка од граѓаните, ветувајќи им дека, таа ќе докаже дека е од народот и за народот.
„Македонија е во женски род, а досега не сме имале жена претседател, жена премиер. Имаме четири министерки и шест градоначалники и нели е оваа време за промена и време за жена претседател. За нас жените претстои битка гордо за Македонија„-истакна Давкова.
Професорката Гордана Силјановска Давкова на митинг во Куманово порача и дека е гордост да се слуша химната, но и тажно затоа што зборовите асоцираат на Куманово, на првата пушка, на борбата, македонската нација да се се докаже како државотворна, борејќи се за правдините.
-Ако знамето, грбот и химната се државни симболи тогаш оние кои ја претставуваат државата, а државата не се тие, туку сме ние, имаат уставна должност да го почитуваат Уставот и Законот за химната.
„Ние сме држава и ќе си ја пееме химната и со зборови и со музика, затоа што само тогаш таа носи јасна и вечна порака“.
Таму каде што е химната таму е државата, а таму каде што не е химната нема држава, рече Давкова.
Жените имаат потрнлив пат од мажите, работат три пати повеќе , а ако работите повеќе имате поголемо искуство и знаење.
-Мојот кабинет ќе го сочинуваат луѓе кои ќе имаат искуство и знаење и кои ќе бидат професионалци во својата област. Секогаш кога пред мене на маса ќе се најде Закон што по консултации со тие експерти околу мене ќе заклучиме дека го крши Уставот, нема да го потпишам, ќе ставам Вето, но ќе побарам заради граѓаните, заради Вас да го образложам пред пратениците, оти имам право на обраќање, па нека процени народот дали се моите аргументи во ред или на оние кои заради послушноста не сакаат да го разгледаат уште еднаш или да го вратат на доработка.
„Ќе барам многупати да се обраќам до Собранието. Зошто? Оти многу проблеми се натовариле и бидејќи јас ве претставувам Вас, вашите проблеми ќе ги претставувам многупати пред пратениците, ама да може покрај нив и вие да ги слушате па да направите демократски притисок на нив“.
Кандидатот за претседател Силјановска Давкова во Куманово истакна дека во Собранието на Република Македонија има пратеници кои носат одлуки без дијалог, претходно договорени, наместо разумни одлуки за доброто на граѓаните.
-Ние имаме едно партиско послушно комунистичко собрание, ова не е навреда за минатото туку сакам да кажам дека без опозиција, без дијалог нема делиберативна демократија оти тоа значи расправа со аргументи. Ако 81 човек таму само чека да притисне на копчето бидејќи претходно веќе е донесена одлука тогаш тоа не е парламент, вели таа.
Силјановска Давкова посочи дека во меѓународното право јасно стои дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на ниту една држава.
-Во меѓународното право се вели јасно дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на некоја држава.
Според нејзе, волјата на граѓаните на 30-ти септември за референдумското прашање не е испочитувана од страна на граѓаните, додавајќи дека предците не се бореле за Северна Македонија.
-Сами си го сменија уставот и тие 81 пратеник и тоа во незаконска постапка. Дури и кога побараа збор на референдумот, а референдумот беше не успешен а во Преспанскиот договор пишува ако референдумот биде успешен и го потврди со тоа решенијата од Преспанскиот договор тогаш ќе биде валиден. Но тие заборавија дека не се суверенот туку дека ја украле волјата на суверенот и си ги усвоија уставните измени. И така пишува дека вашите татковци и мајки пишува дека се бореле за Северна Македонија, додаде Силјановска Давкова.
Таа нагласи дека сите правни акти кои не се темелат на правните норми се ништовни и лесно оспорени.
-Кога било кој акт меѓународен ли е домашен ли е нема правен темел, кога не е правно втемелен тој е правно проблематичен и нему му се заканува ништовност, оспорување и тоа по правен пат а не со сила, бидејќи силата ја оставаме на историјата. Но, ние веруваме во силата на зборот и јас ве уверувам дека тоа што го говорам го помнам, тоа што го помнам ќе го остварам. Значи не е она друга филозофија која што ја владее Македонија, кажувам, заборавам негирам, од тоа не бива реформа, рече Давкова
Таа побара масовна мобилизација и обединетост на граѓани за поддршка на 21 април и 5 мај се со цел да се врати правдата и правдината во Република Македонија, посочувајќи дека сака да внесе простор за една поинаква перцепција за политиката и поинакво практикување на претседателската функција, потенцирајќи дека граѓаните го имаат нејзиниот збор.
На митингот во Куманово се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски .
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ниту еден човек.Јас сум подготвен да ги прифатам сите грешки од минатото, без разлика од која генерација, човек што работи и греши. Јас прифаќам на себе се, но подготвен сум истовремено да понудам и решенија за тие грешки, и се што било добро да го проширам, надградам и иновирам , вели Мицкоски.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ додаде тој ќе се базира на три суштински вредности, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, економија и ширење на националниот дух и ширење на македонзимот.
А сега ќе го прашам, Зоран Заев дали се подготвени да се извинат овде во Куманово, за сите оние грабежи од транзицијата? Дали се подготвени да се извинат за Искра, за Тутунски комбинат? Дали се подготвени за Житомел да се извинат? Дали се подготвени да се извинат за сите неправди сторени во транзицијата? Дали Зоран Заев е подготвен да се извини за Глобал? Дали е подготвен да се извини за евро за Вицето, евро за црквата? Дали господа од СДСМ сте подготвени да се извините, а потоа да загубите на следните претседателски избори, рече Мицкоски.
Говорејќи за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова тој потенцираше дека станува збор за најинспиративниот професор на универзитетот Кирил и Методиј. Професор кој несебично го споделил своето знаење со генерации студенти на правниот факултет.
Тогаш кога требаше, јасни и прецизни беа нејзините ставови. Тогаш кога Македонија овие луѓе ја парчеа, раскрчмуваа делеа и тргуваа со нејзината територија и во 2004-тата и ден денеска во 2019-тата. Гордана Силјановска Давкова застана на браникот и се бореше со принципите и се бореше за татковината која што е наша заедничка и на Македонците, и на Албанците, и на Србите, и на Турците, и на Ромите, и на Власите, и на Бошњаците и на сите останати. Е затоа Гордана Силјановска Давкова ќе победи на 21 април, а пота на 25 мај и потоа заедно на предвремените парламентарни избори, вели тој.
Неправда е кога патриоти ги судат на два века затвор, тоа е неправда, а борци од ИСИС вратени од боиштата од Сирија на три пати помали казни. Тоа е неправда. Неправда е сето она што денеска и се случува на Македонија. Ние ова не го заслуживме,рече Мицковски.

-Мора и тогаш кога ни викаат дека е невозможно, кога не обесхрабруваат, кога не демотивираат затоа што тоа им е задачата, да застанеме цврсто на нозе и да продолжиме да се бориме. Тоа треба да не мотивира, тој што се бори тој победува. Доаѓа зората, изгрева драги мои браќа и сестри, добри кумановчани. Изгрева зората на слободата и доаѓа правда за Македонија. Победува професорката Гордана Силјановска Давкова, заврши лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

admin

April 7th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *