Вести

Мисајловски: Оваа е најнеспособна влада во историјата на Македонија

Мисајловски: Оваа е најнеспособна влада во историјата на Македонија

,,Во нормална држава сите требаше да си поднесат оставка за оваа што се случува со вакцините,кога имаше вонредна ситуација се фалеа колку помагаат, а сега се играат со најважна работа, а тоа се вакцините за кои целата влада треба да се ангажира да ги добиеме, истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски во Куманово, каде оствари средба со угостителите од градот.

,,Оваа влада не работи, а не ги интересира дали вакцините ќе стигнат денеска или утре. Кога ќе стигнат не можам да кажам, одговор нема, а целата влада ги снема. Јас ги замолувам да почнат да работат, сега кога цел свет се бори да обезбеди вакцини нашата влада размислува само како да се збогати затоа и сме рекордери во корупција.Оваа е најнеспособната власт во историјата на Македонија”- рече Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски во Куманово оствари средба со дел од угостителите од градот, а најави средба и со уметниците. На средбата присуствувале и пратениците Бране Петрушевски и Дафина Стојановска и дел од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Мисајловски во изјава за медиумите нагласи дека е многу важно постојано да се разговара со граѓаните за нивните проблеми, не само за време на кампањи.

– Знаете дека оваа власт овие четири години најавува се и сешто, најавува дека е толку добро, толку е убаво во нашата земја особено тука во Куманово, каде што отсекогаш се власт, се е розово, дека проблеми веќе нема дека граѓаните се среќни, но не е така. Имаат доста проблеми граѓаните-изјави Мисајловски.

Угостителите, како што рече Мисајловски кажале дека мерките не допираат до нив, дека петтиот сет мерки не е испорачан. Како што кажа Мисајловски, угостителите барале само власта да ги слушне, а тие како опозиција како пратеници им даваат целосна поддршка. Пандемијата е насекаде, но, додава Мисајловски мора да се слушнат проблемите за да не се остават вработените на улица, угостителите да имаат работат. Тој најави дека постојано ќе одат меѓу граѓаните и рече дека иако за неколку месеци ќе има локални избори, важно е постојано да се среќаваат со што е можно поголем број граѓани и како пратеници да предлагаат законски мерки.

– Знаете дека Собранието не функционира едвај можат да се соберат да направат кворум, потешкотии има на целата Влада во работењето, гледате на секое поле имаме крах, дали во интеграции, дали во капитални проекти, транспорт, локална самоуправа, насекаде за жал е катастрофа, а особено во здравството-рече Мисајловски.

Тој истакна дека тимовите на ВМРО ДПМНЕ ќе се среќаваат со граѓаните за нивните проблеми кои ќе бидат можност за подготовка на програма со која рече ќе им се помогне на граѓаните, но и тековно да се решаваат проблемите колку што се може како опозиција.

Во однос на тоа дали очекува предвремени парламентарни избори, Мисајловски одговори дека очекува, но и дека е важно сите да се сплотат за да ги победат заеднички.

– Тоа е најважната порака која ние треба да ја упатиме до сите граѓани. Оваа власт не функционира зашто велам така, затоа што во самата Коалиција имаат еден куп дневни проблеми, еве не можат ден обичен кворум да закажат во Собранието, каде што често пати сме обвинувани ние како опозиција дека не правиме кворум. Еве јавно ќе кажам нема да ви правиме кворум, бидејќи вие не можете да се составите, зборувам за Владата, за пратениците од Собранието, ни не можат за основните закони да се соберат и да ги поминат-рече Мислајовски.

Тој рече дека помагале за одредени закони за здравството не заради ВМРО ДПМНЕ или некоја партија, туку како што нагласи само заради граѓаните, но додаде дека ваква состојба не може да функционира, бидејќи рече има корупција во локалната самоуправа, проблеми помеѓу коалиционите партии.

– Мислам дека кај и да е и самите они меѓусебе ќе се раскараат, така што парламентарни вонредни избори мора да има, а наша обврска е и задача е како тоа ние заедно со граѓаните да го кренеме на едно повисоко ниво и со овие локални избори да бараме предвремени парламентарни избори-рече Мисјаловски.

Тој го коментираше и дописот на министерот Маричиќ, оценувајќи го потпишаниот допис како срамен.

– Добро е тој министер што потпишал некој допис да излезе во јавноста и да каже што сакал да каже, бидејќи она што го прочитавме е срамно. Мене никој нема да ми забрани, никој нема да и забрани да го користам зборот Македонија, ќе го користам постојано зборот Македонија, ќе го зборам, ќе го кажувам она што го чувствувам во срцето, една земја за мене тоа е Република Македонија. Дали тоа се однесувало за трговијата, дали за претпријатија или слично, кој е тој министер, која е таа Влада да ни забрани да си го кажуваме она што ние се гордееме, а тоа е зборот Македонија, ние ќе го говориме. Но, добро е оваа Влада што мисли дека е демократска да излезе и да го објасни на граѓаните, ова е срамно и жалосно што го прават, но нема да им помине-рече Мисајловски.

Тој најави и средба со уметниците, музичарите, бидејќи и тие истакна дека имаат проблеми.

Radio Bum

February 12th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *