Вести

Две лица во алкохолизирана состојба завршија во Брза помош и на интерно одделение

Две лица во алкохолизирана состојба завршија во Брза помош и на интерно одделение

Новогодишната ноќ во Куманово помина релативно мирно, информираат од службата за Итна Медицинска помош.

Доктор Валентина Тодоровска Трајковска од Итна Медицинска помош, информираше дека ноќта имале 20-тина интервенции од кои една сообраќајна несреќа и една интоксикација од алкохол кај 24 девојка. Од интерното одделение информираат дека имале десетина интервенции од кои една интоксикација од алкохол кај лице родено 1991 година. На новиот ургенетен хируршки центар имало вообичаен број на интеревенции околу десетина прегледи од кои една на повредени од сообраќајна незгода кои по пружената терапија се пуштени на домашно лекување.
Од МВР информираат дека на 01.01.2020 околу 00.30 часот на бул.„Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) од Куманово и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од Куманово. По незгодата, лицата од патничкото возило „ауди“ се пренесени во Општата болница Куманово, каде на сопатникот Б.П. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

admin

January 1st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *