Вести

Мигрантите се шетаат во село Табановце, локалните жители се плашат за своето здравје

Мигрантите се шетаат во село Табановце, локалните жители се плашат за своето здравје

Се зголемува бројката на мигрантите во кампот во Табановце, денеска има 101. Жителите на Табановце се плашат за своето здравје велат дека мигрантите се шетаат во групи по селото, одат во продавница без заштита.

,,Сега во вонредна состојба кога мораме сите да седиме дома да се заштитиме од корона вирус , мигрантите ни се шетаат по селото, одат во локалната продавница и тоа во групи , се плашиме, велат жителите и бараат помош од надлежните да ги заштитат- велат за радио Бум жителите на Табановце.

Раководителот на кампот, Горан Стојановски вели дека е оправдана паниката кај локалното население, но тој смирува, сите мигранти се медицински тестирани и немаат симптоми на корона вирус.

Стојановски денеска од командирот на полициската станица во Сопот побарал поголема заштита од полицијата и армијата да не се пуштаат мигрантите надвор од кампот.

,,Од општинскиот штаб за спасување и заштита побарано е од владата да ги дислоцира мигрантите и во текот на денешниот ден очекуваме и одговор,- вели раководителот Стојановски.
Мигрантите се во кампот една недела, а најмногу ги има од Авганистан и Пакистан.

admin

March 25th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *