Вести

Повредените мигранти во стабилна состојба, само еден е тешко повреден

Повредените мигранти во стабилна состојба, само еден е тешко повреден

Дваесет и шест мигранти кои утрово по сообраќајната незгода беа хоспитализирани во кумановската болница се во стабилна состојба , само еден е тешко повреден и пренесен на Клиника за трауматологија во Скопје информираат од болницата во Куманово.

„26 пациенти се примени на нашето одделение, сите пациенти се прегледани, направен е рендген и се што е потребно, констатирани се телесни повреди на 25 пацинети, кои се опсервирани, дадена е аналгетска терапија, а еден пацинет е со тешки телесни повреди и е испратен на Клиника за трауматологија. Малолетните лица се во добра општа состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување“ посочи Љубинка Дамјановска Крстиќ, хирург Општа болница Куманово.

Мигрантите според информациите на полицијата се повредени во сообраќајка, кога возило во кое се превезувале излетало од патот. Незгодата се случила утринава околу 06,40 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај месноста викана „Градиште“, кога од коловозот излетало товартно моторно возило „Фолваген“ во кое се превезувале, а возачот е во бегство.

Мигрантите, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица), со возило на Итната медицинска помош биле пренесени на Хируршкото одделение во Општа болница Куманово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипата од СВР Куманово.

Министерството за внатрешни работи информира дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

admin

November 27th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *