Вести

Мицковски од Куманово порача дека правдата ќе дојде на 12 април

Мицковски од Куманово порача дека правдата ќе дојде на 12 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на Куманово.  

Пред присутните Мицкоски потенцираше дека ветувањата на СДСМ и Зоран Заев не се остварени, направени се погубни политики за државата.

Тој нагласи дека не му се јасни шпекулациите кои што се појавија за одложување на терминот кој што беше договорен на лидерската средба кај претседателот, на 3-ти јануари да се избере техничка владата, а на 12-ти април да се одржат предвремените парламентарни избори.
Мицковски дополни дека парламентарното мнозинство на овој начин ја загрозува декомкратијата и влијае врз изборниот процес.

-Кога станува збор за Зоран Заев јас ќе ве вратам и неколку години наназад, се сеќавате во онаа 2015, 2016 година кога на неколку наврати се распушташе па повторно се собираше Парламентот, затоа што господинот Зоран Заев тогаш како опозиционер бегаше од соочување со народот, сега како Влада повторно бега од соочување на народот. Сепак апелирам да надвладее мудроста, трпението, да не го делигитимираме оној последен лидерски состанок затоа што ако вака продолжиме да се играме со договорите не ја гледам причината зошто во иднина ние повторно би одржувале вакви состаноци-истакна лидерот на најголемата опозициска партија-изјави Мицкоски.

Тој се осврна и на укинувањето на прогресивниот данок, нагласувајќи дека уште кога бил воведен ВМРО-ДПМНЕ укажувало дека нема да даде резултати, но тогаш биле критикувани.

-Она што е за мене пострашно е што Зоран Заев, Кочо Анѓушев и останатите кои што се носители на економската политика кажаа дека практично имале погрешна економска политика. Кој ќе ги санира последиците од таа економска политика и практично ги пуштија низ вода сите поранешни министри од редовите на СДСМ, почнувајќи од Петар Гошев, Никола Поповски, завршувајќи со Драган Тевдовски, навистина не можам да се изначудам со каква леснотија излегуваат пред новинарите и велат нашата економска политика всушност била погрешна овие три години, кој ќе ги санира последиците-дополни тој.

Мицкоски нагласи дека оваа политичка и економска катастрофа ќе заврши со изборите на 12-ти април.

-Граѓаните нема да заборават што се случуваше изминатите три години, нема да заборават арамилукот, криминалот ниту корупцијата, понижувањата, срамот, пљачката што се случуваше, да се повлечат од погрешните политики, сите оние коруптивни тендери и закони -истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ-заврши лидерот на опозицијата.

Тој потенцираше дека ќе има одговорност и дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

admin

November 2nd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *