Вести

Мицковски- Човекот кој што беше осуден за проневера со тенковски делови за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија

Мицковски- Човекот кој што беше осуден за проневера со тенковски делови за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија

,,Човекот кој што беше осуден за проневера со тенковски делови за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија , а тоа претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот народ, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ-рече Христијан Мицковски , претседател на ВМРО ДПМНЕ на протест во Куманово кој вечерва се одржа во знак на револт и барање на оставка на Зоран Заев.

Мицковски вели дека историските спорови не само што не се решение туку претставуваат и проблем.

,,Само политички аматер може во договорот да вклучи разрешување на историски спорови и тие да бидат понатаму критериум за државата во рамките на инегрирањето кон европската унија , но за жал тогаш од Зоран Заев бевме брутално и грубо одбиени , тој на еден акробатски начин го потпиша овој договор за добрососедство. Сме биле во право, но тоа што се биле во право не ја намалува штетата која што и ја нанесе на македонскиот народ, на македонската нација, на македонската држава егзибиционизмот на Зоран Заева.
Во март месец предупредивме дека меморандумот кој што беше донесен во бугарскиот парламент ќе биде составен дел од преговарачката рамка, но за жал и тогаш од страна на владеачкото мнозиство и од страна на Зоран Заев бевме убедувани дека тоа не е вистина и дека тоа се лажни вести. Оваа година јас лично предупредив дека на состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и соседна Бугарија од нашиот министер е побаран нов договор или анекс кон договор или некој документ кој ке има нова правосилна рамка и ново правосилно значење. Исто така бев брутално навредуван од страна на Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров дека тоа се лажни вести дека тоа не е вистина но излезе дека тоа било точно и дека сме биле во право.
Овој пат сакам исто така да ја предупрадам македонската јавност, македонската нација, македонскиот народ дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда, а потоа преку врховен суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас тра одлуки се носеле во врховниот суд беше ослободен. Човекот кој што беше осуден за проневера со тенковски делови за бугарските тенкови, денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија,а тоа претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ке треба да биде извршено и врз македонскиот народ, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ.
На маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција, обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед.Од прилика за сето ова денеска преговара Владо Бучковски по налог на Зоран Заев и тој човек не знам дали ке успее во овие седум дена,а во период кој следи секако ке се обиде да земе дел од срамот кој што ке биде врз македонскиот народ, изјави Мицковски во Куманово.

Тој го предупредува македонскиот народ во Макеоднија на будно следење на тоа што се подготвува на тоа што се преговара.
– ВМРО ДПМНЕ како политичка партија која што ке ја предводи идната влада и ке биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче хартија кое ке го потпишат двоецот Заев и Бучковски да го почитувам, нема ниту една реченица ниту еден збор кој што планираат Заев и Бучковски да го потпишат, а кој што ке биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската традиција и обичаи да ги почитувам, порача Мицковски од Куманово.

Radio Bum

December 2nd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *