Вести

ДУИ ќе коалицира со СДСМ во советот на општина Куманово

ДУИ ќе коалицира со СДСМ во советот на општина Куманово

Општинската организација на СДСМ Куманово и локалниот огранок на ДУИ, ќе коалицираат во Советот на Општина Куманово, општинските организации на двете политички партии денеска потпишаа меморандум .

Претседателот на општинската организација на СДСМ,  Мартин Костовски и советникот од ДУИ, Фатмир Идризи ставија потпис на  Меморандум за соработка што ќе трае следните четири години.

СДСМ на локалните избори освои 16 советнички места, а ДУИ три. Со мнозинство од 19 мандати ќе се овозможи реализирање на ветените проекти. Од двете партии ветија дека со проектите ќе придонесат за поквалитетен живот за граѓаните.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

И во претходниот состав на советот на општина Куманово  ДУИ беше во коалиција со СДСМ.

admin

January 3rd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *