Забава

Новата музичка ѕвезда, Мартија со нова песна блесна во светски стил

Новата музичка ѕвезда, Мартија со нова песна блесна во светски стил

Во стилот на светските музички ѕвезди блесна новата музичка ѕвезда од Куманово, Мартија Станојковиќ.

Со песна на Александар Масевски , ” Љубовта не води “, Мартија ќе ја претставува Макдеонија на јуниорски евровизиски фестивал во Малта.

Со тим на професионалци, од композитори до стилистката Ива Спасовска од “ATELIER BY IVA”, Мартија блесна и со глас и стас.

Видео записот  е изработено од Александар Ристовски Принц, а на истиот покрај убавицата Мартија можеме да ги видиме и прекрасните ѕвезди од студиото за модерни танци “Ултра” од Куманово чии кореограф е Александра Димитриевска.

 

Мартија како вистински професионалец се заблагодари на тимот на својата фејзбук страна со зборовите :

“Драги фанови и пријатели,

Со особено задоволство ви го претставувам мојот прв сингл насловен “ LOVE WILL LEAD OUR WAY”(ЉУБОВТА НЕ ВОДИ). Ова е воедно и песната со која ќе ја имам честа да ја претставам Македонија на овогодинешниот јуниорски евровизиски фестивал во Малта.
Голема благодарност до сите инволвирани во реализицијата на овој мој прв соло проект:
Македонската Радио Телевизија (МРТ) за довербата што ми ја даде избирајќи ме да ја претставувам Македонија;
Александар Масевски, автор и продуцент на оваа прекрасна песна;
Ивана Андоновска Свилар, мојата менторка по пеење за нејзината поддршка;
Кореографот Александра Димитриевска и сите членови на клубот за модерни танци “УЛТРА”, за одличната кореографија;
Александар Ристовски – Принц, за убавиот и кул видео запис;
Стилистката Ива Спасовска од “ATELIER BY IVA”, за модерниот и оригинален стајлинг;
Моето семејство, брат, сестра и родители за големата поддршка на патот кон успехот;
И се разбира голема благодарност до сите ВАС мои фанови и пријатели, за безрезервната поддршка во остварувањето на мојот сон. Пеам за Вас зошто без Вас сето ова би немало смисол.

Ве сакам,
Мартија <3″

Те сакаме и ние Мартија и од срце ти посакуваме голем успех!

admin

October 12th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *