Вести

Министерот Сугаревски им додели решенија за легализација на дивоградбите на граѓаните на Куманово

Министерот Сугаревски им додели решенија за легализација на дивоградбите на граѓаните на Куманово

Решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска добија граѓаните на Куманово ,  кои лично им ги врачи министерот за транпосрт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Во Куманово до сега биле поднесени над 18.000 барања од физички и правници лица за легализација на дивозиградени објекти, а на ниво на државата биле издадени вкупно 200.000 решенија.

– Би сакал да апелирам до сите граѓани на нашата општина кои согласно законот ги испуштија роковите да поднесат документи.  Од почетокот на оваа година се дава можнoст да се поднесат нови барања за сите оние решенија кој поради технички недостатоци на непотполни барања беа одбени со решенија, тие можат повторно да поднесат барања за легализација, рече Димитриевски.

 resenie sugarevski

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека во интерес на граѓаните нови барања за легализација ќе можат да се поднесуваат до крајот на 2018 година.

Министерот на средбата која ја имаше со Градоначалникот на  Куманово, разговарале за проектите поврзани со водоводна и канализациона мрежа, како и патната инфраструктура. Според првиот човек на министерството за транпосрт и врски, Куманово од Европската инвестициска банка на располагање има 1,5 милиони евра за различни проекти кои треба да ги искористи годинава.

„Во план на Валдата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски е да во кумановски регион бидат изградени поголем дел патишта во делот на патната инфраструктура се планираат некаде околу 70 милиони евра, станува збор за дел експресни патишта, дел за реконструкција на патишта кои се однесуваат до поврзаноста и со Република Бугарија. Конкретно Ранковце – Крива Паланка што треба да се прави и продолжување до Деве Баир, продолжување на патишта во делот на поврзаноста со Опае и Никуштак, така да во овој период имаме силна активност поврзана со овој регион, додаде Сугарески.

 

admin

February 6th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *