Вести

Навивачката група Кумани по оставката на Божиновски најави враќање на трибините

Навивачката група Кумани по оставката на Божиновски најави враќање на трибините

Навивачката група Кумани откако беа обвинети од тогашниот претседател на Кошаркарскиот клуб Куманово , Виктор Божиновски дека ги препродаваат билетите за натпреварите и дека повеќе нема да добиваат  билети , се налутија на Божиновски и ги бојкотираа натпреварите. Кумани веднаш побараа и оставка од Божиновски со образложување дека нешто се случува со клубот под палка на раководството. Тие денеска откако ја слушнаа веста дека Божиновски си поднел оставка најавија враќање на трибините и подршка на КК Куманово.

Кумани секоја нивна одлука ја образложуваа и бараа оставка од Божиновски.

„Оваа одлука е донесена поради несоодветно водење на клубот и катастрофалните порази што доведуваат до сомнеж кај кумановската публика. Како на пример првиот натпревар против КК Левски, водевме 20 разлика и за пет минути загубивме. Исто и со КК Работнички, целиот натпревар воедевме и на крајот нерешено. Дали тука нешто е сомнително? Исто така именуваниот господин нема никакво искуство со кошарката или било кој спорт. Кумановскиот народ сака полна сала, добри резултати, но со ваков претседател одиме во пропас. Ние не профитираме од овој клуб, ние живееме за КК Куманово и нема да дозволиме некој да си игра со нашие емоции. Ако му мисли добро на клубот под итно да си даде оставка и да дојде некој кој навистина се разбира и да го мрдне клубот од мртва точка, стои во соопштението на навивачката група Кумани.

Ваквата реакција на Кумани наводно доаѓа, откако не ги добиле бесплатните влезници за последниот натпревар одигран на домашен терен.

KUMANI 1

Тие на фејзбук страната на Кумани напишаа статус со кој детално образложиле зошто се лути .

Сакамо да гу запознаемо јавност у врску сас изјаву на “Г-на” Виктора Божиновскога-Војку за његову изјаву дадену за наш кумановски портал.Како прво дотичан вика дека нема сас кога да разговара и кој е наш став.Он добро знае кој е наш став и сас кога да разговара,само не му одговара затој што до сга е кажаја све е излжаја,такој да више ми немамо сас њега што да разговарамо.Кумани 9 године зимав карте од клуб и исти ги продавав и сас тој се финансирамо за навивачки реквизити и за гостовања што он у неколко наврата не излжа.Од тија карте Кумани бесва на гостовање у Тиват и у Бугарију.Он сас своју изјаву ги потценуе сви други чланови на управу и бившога градоначалника затој што сви су запознаени сас тој куде идев паре за карте само он се вади на регистрацију како навивачку групу,што е било казниво по кривичан законик.

Кумани денеска по веста дека Божиновски поднел оставка веднаш реагираа и најавија враќање на трибините.

„По кратак бојкот Кумани се враќав на трибину куде ги е место на запад. Коначно оставка на ”бившога” преседника.

КУМАНИ ЗАПАД заедно сс кумановску публику и сви фанови на КК.Куманово докажасва колко ги значи клуб и пред све дека су 6 играч на КК.Куманово.
Докажасмо и покажасмо дека неможе никој да га користи клуб а и нас заедно сс њега.
Голема благодарност до сви симпатизери и фанови за сваку нашу одлуку што не подржасте, ми га сакамо само НАЈДОБРО ЗА НАШ КЛУБ.
Затој у петак сви у салу да гу напунимо и да падне МЗТ Скопје, се вели во соопштението на навивачката група Кумани.

Фото: Никола Ивановски, Кумановски Муабети

admin

November 8th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *