Вести

Мртви кучиња во вреќи фрлени во касарната во населба Карпош во Куманово

Мртви кучиња во вреќи фрлени во касарната во населба Карпош во Куманово

Во СВР Куманово денеска во 12 часот, активист на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, пријавил дека во населба Карпош во близина на касарната, има оставено вреќи со мртви кучиња. Полицијата е на местото на настанот и врши увид информираат од СВР Куманово.
Здружението „Анима мунди“ и на својата „Фејсбук“ страница информира за откриени вреќи со грозоморно убиени кучиња.
Приложувајќи вознемирувачки фотографии, здружението посочува дека е пронајдена и расфрлана медицинска опрема. Здружението бара итна и темелна истрага, како и најстрога казна за сторителот.
Од здружениет за заштита на животни Анима мунди најостро го осудуваат убиството на животните, на својата фејзбук страна тие напишаа
Хорор во Кумановско, вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема, по што е евидентно дека се убиени од медицинско лице (ветеринар); расфрлани во старата касарна (населба Карпош, меѓу жители на Куманово позната како Рајкова куќа). Наш активист е таму и полиција е веќе на лице место.
Грозоморно сведоштво и фотографии првично беа пратени до нас на на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош), запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.
Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп; куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре. Кучиња со вкочанети вилици – кои укажуваат на насилна смрт; со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага.
Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен и видлив за сите, сега преку овие фотографии.
ДАЛИ КУМАНОВО Е ЦРНА ДУПКА ЗА ЖИВОТНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА УБИВАЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО ДРЖАВАВА?
ДАЛИ ВЕТЕРИНАРИ КОИ СЕ АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ да стерилизираат и ги обележуваат животните, ги убиваат бездомните кучиња? Во тоа уверуваат бројни активисти од Куманово но и други градови (Кочани, Берово, Пробиштип, Струмица, Делчево), градови во кои како извршител на програмата за хуман третман се води ветеринарната болница Тодор Велков. Граѓани на кои кучиња се заловуваат за потоа да им се губи секоја трага. ДАЛИ ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ИМААТ ТАЈНИ, УСНИ ДОГОВОРИ ДА КУЧИЊАТА СЕ ЗАЛОВУВААТ, НО ПОТОА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТАТ НАЗАД?
Располагаме со бројни сведоштва, бројни пријави се доставени до АХВ но никогаш не е превземено конкретно ништо!
ИНФОРМИРАМЕ дека ВО МОМЕНТОВ на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и БАРАМЕ итна и темелна истрага, најстрога ЗАТВОРСКА КАЗНА за сторителот/сторителите , како и ТРАЈНО ОДЗЕМАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ЛИЦЕНЦИ на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет.

radiobum

April 2nd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *