Вести

Елена Божиновска и Игор Дурловски во куќен притвор

Елена Божиновска и Игор Дурловски во куќен притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи мерката притвор на Елена Доцевска- Божиновска и  Игор Дурловски да му ја замени со мерка куќен притвор, а на пратеничката Жаклина Пешевска мерката куќен притвор ѝ се заменува со мерки за претпазливост. Таа има обврска да се јавува на овластено службено лице во судот, ѝ се одзема патната исправа и има забрана за издавање нова патна исправа, како и забрана за приближување и воспоставување, односно одржување контакт со одредени лица.

На другите обвинети судот одлучи да им ги продолжи предвидените мерки притвор и куќен притвор. Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов остануваат во Истражниот затовор „Скопје“. Притворот му е продолжен и на поранешниот министер за внатрешни, Митко Чавков, и на организаторите на протестите „За заедничка Макеоднија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски.

На пет лица продолжена им е мерката куќен притвор. Меѓу нив се и пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски.

admin

January 26th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *