Вести

Се урна стара куќа во центар на Куманово

Се урна стара куќа во центар на Куманово

Ноќва се урна стар објект во центарот на Куманово, информираа денеска од секторот за урбанизам од општината. Објектот и претходно беше ограден со метална ограда до тротоарот. Објектот се урна во состојба кога е полициски час во Куманово, така што нема опасност од повреди за граѓаните. Постапката за отстранување на објектот, сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор почна уште во декември, лани, информираше денеска, овластениот раководител на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

-Оградата беше поставена до тротоарот и беше обезбедена заштита.Во најкус можен рок ќе се отрстани градежниот шут- изјави Сларидис Јаневска.

Објектот е сопственост на државата со право на користење на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Во централното градско подрачје има над 20-тина склонопадни објекти, поголем процент сопственост на приватни лица. Вакви објекти датираат од поодамнешен период, имаат конструктивен систем кој не ги издржува современите стандарди за сеизмичка стабилност, направени од керпич, дрво, камен.

Igor Andonovik

April 5th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *