Вести

Службеник од затвор во Кшање се обидел да внесе и продаде мобилен телефон на затворениците

Службеник од затвор во Кшање се обидел да внесе и продаде мобилен телефон на затворениците

Самостоен референт вработен во затвор во Кшање со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон.
СВР Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесена е кривична пријава против И.Б.(44) од Куманово, вработен како самостоен референт , поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ .
Службеникот, И.Б, бил вработен во Затвор Куманово, лоциран во село Кшање, во одделение за стручно – инструкторски работи-Сектор за ресоцијализација, на работно место Самостоен референт за практична обука на осудени лица од областа на дрво – преработувачка дејност со звање „самостоен референт“.
Тој според информациите од СВР Куманово, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон, со што постапил спротивно на Наредбата од 21.08.2017 година, донесена од В.Д. Директорот на затворот .

admin

February 5th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *