Вести

Општински штаб за заштита и спасување и денеска од Владата побара целосен карантин за Куманово

Општински штаб за заштита и спасување и денеска од Владата побара целосен карантин за Куманово

Општинскиот штаб за заштита и спасување на единаесеетиот состанок за превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 повторно од владата побара целосен карантин на општина Куманово, на состанокот денеска се донесени нови препораки, заклучоци и мерки:

-Препорака до стопанственици и дистрибутери на автомати за кафе на територија на Општина Куманово да се исклучат од употреба
– Препорака до правните субјекти (маркети, аптеки и слично) кои и понатаму вршат опслужување на граѓаните во своите деловни простории да започнат со зачестена дезинфекција на внатрешните простории
-Препорака до сопственици на банкомати на територија на Општина Куманово да вршат зачестена дезинфекција на истите
– Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово
– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово

Igor Andonovik

March 26th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *