Вести

Против насилникот кој го нападна стражарот на Краста поднесена кривична пријава

Насилникот кој го нападна стражарот на депонијата Краста заработи кривична пријава за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Кривична пријава е поднесена против Б.С. (32) од Куманово . Тој минатиот месец во кругот на градската депонија дошол со цел да собира пластичен отпад. Вработениот во депонијата не му дозволил, настојувајќи притоа да го избрка од депонијата. Откако одбил да си замине, настанала вербална расправија во која пријавениот со употреба на физичка сила на вработенито му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата.

Igor Andonovik

March 2nd, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *