Вести

Костовски: Петрушевски одржува прес конференции и ја критикува СДСМ , а во неговата позадина се гледа фабрика

Костовски: Петрушевски одржува прес конференции и ја критикува СДСМ , а во неговата позадина се гледа фабрика

Петрушевски одржува прес конференции и ја критикува СДСМ , а во неговата позадина се гледа фабрика , се гледа и затворениот бaзен, кои се изградени во време на СДСМ, без поддршка на тогашната власт на ДПМНЕ.

Куманово е убаво место за живеење, кумановци се луѓе кои што заслужуваат многу повеќе. СДСМ во изминатиот период ги оствари своите главни програмски определби. Ја покачивме минималната плата на 14.500 денари, 27.000 денари е просечната плата. Ова го потенцирам, бидејќи не го истеравме мандатот од 4 години до крај. Се случи техничка влада, имаме квантен скок на субвенциите, на платите во здравството и образованието, обештетени стечајни работници, рече кандидатот за пратеник Мартин Костовски на коалицијата на СДСМ во Изборна единица два.

Тој го критикуваше својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, поради тоа што држел прес-конференции пред индустриска зона и затворениот безен, кои биле изградени во време на СДСМ, без поддршка на тогашната власт.

„Вредно за потенцирање до граѓаните на Куманово е дека се доделените 20 милиони денари за инфраструктура во економската зона, од страна на Владата, а затворениот градски базен е направен од поранешниот градоначалник на СДСМ. Уште многу патишта, економски и социјални мерки. Има со што да се пофалиме и со гордо чело да ја бараме поддршката во овој град, затоа што кумановци заслужуваат“, рече Костовски.

Тој ги извести граѓаните за караванот на коалицијата „Можеме“, кој во недела ќе биде во Куманово.

„ Ќе бидат присутни носители на листи, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска. Ќе има низа на средби со спортисти, успшени приказни од нашиот град, како што се ЖРК Куманово и КК Куманово. Ќе има средби со пензионери, писатели, културни работници, средба по месни заедници и сето она што треба да се посети во Куманово“, објави Костовски.

Караванот ќе заврши со средба на лидерот на партијата Зоран Заев на Спомен костурницата во 20 часот. Тој ги повикуваат граѓаните да отидат во определен број, но притоа да ги почитуваат сите протоколи.

Igor Andonovik

June 26th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *