Вести

Куманово го победи Карпош Соколи

Куманово го победи Карпош Соколи

Кошаркарскиот Клуб Куманово вечерва на домашен терен оствари победа над Карпош Соколи со 94-88, со што се доближија во трката за второ место на табелата, во дерби дуелот од 24 коло на Прват македонска кошаркарска лига.

За Куманово, најефикасен беше Бојан Трајковски , кој оствари 26 поени и 11 скокови. По 13 поени постигнаа Караџовски, Симоновски и Мандиќ, а Костовски постигна 12 поени.

Кај Карпош Соколи најефикасен беше Дарко Соколов со 18 поени, а Казарновски , Шнер и Кнежевиќ постигнаа 14 поени.

Кошаркарскиот клуб Куманово се наоѓа на четврта позиција  со 16 победи и 8 порази.

Igor Andonovik

April 6th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *