Вести

Учениците од Кочо Рацин први во Македонија на државниот натпревар во кошарка

Учениците од Кочо Рацин први во Македонија на државниот натпревар во кошарка

 

Прво место во државата, најдобри во кошарка се учениците од Основното училиште Кочо Рацин од Куманово.

Тие во Струмица на државното првенство беа најдобри во финалето во кое учествуваа 4 екипи, од Струмица, Кавадарци, Скопје и нашата екипа од 9то одделение од Oсновното училиште Кочо Рацин од Куманово.

Во првиот полуфинален натпревар  според информациите на Сузана Николовска,  професорка по физичко воспитување која е и тренер на државните шампиони , со минимална предност ја  победиле екипата на Скопје,  а во финалето со крајно неизвесен натпревар ја победиле  екипата на Струмица.

На финалниот натпревар двете екипи постојано го менуваа  водството, што резултираше со нерешен резултат. Во продолжението на 6 секунди пред крај  Јован Цветков шутирал и погодил тројка  со која и донесе радост на целата екипа,и ја остави во шок целата публика во салата.

Сузана Николовска , тренер на шапионската екипа вели дека добрите резултати кошаркарите најпрвин ги постигнале на општински натпревар во кошарка за машки  каде  учествувале 10 екипи од основните училишта од градот.

kosarka 1

„Екипа на  ОУ Кочо Рацин ја победи екипата на О.У. Магдалена Антова и екипата на О.У. Христијан Карпош. Во финалето ја совлада со висока предност и екипата на О.У. Браќа Миладиновци со што го обезбедивме првото место во градот и се стекнавме со право на учество на зонското првенство во Крива Паланка на кое учествуваа екипите на домаќинот од Крива Паланка и екипа од Пробиштип. Во финалето ја совладавме екипата на домаќинот со високи 30 поени разлика. На меѓузонскиот натпревар кој се одржа во Свети Николе,учествуваа четири екипи: од нашето училиште,од Виница,Гевгелија и Радовиш”- вели Николовска.

Во првиот натпревар со високи 20 поени разлика ја победиле  екипата на Виница,а во финалето со висока предност и екипата на Гевгелија и се стекнале со право на учество на завршниот турнир  „Државното првенство во кошарка за машки за основни училишта„ кое се одржа на 3 мај во Струмица.

„Оваа е голем успех како за нашите ученици кои станаа државни шампиони така и за  нашето училиште досега најдобриот постигнат резултат беше четврто место на Републичко ниво,па затоа и учениците и јас сме горди што напишавме ново поглавје во историјата на спортските постигања на ООУ Кочо Рацин. За сето ова најзаслужни се: Јован Цветков,Лука Бојковски,Петар Николовски,Марко Јакимовски,Никола Младеновски,Милош Јовановиќ,Ненад Стефановски,Марко Станковски,Дамјан Митевски,Владимир,Здравко,Влатко,Панче и Лука„- вели Николовска , тренерот на деветоодделенците од О.У. Кочо Рацин од Куманово  кои се дравни шампиони во кошарка.

 

 

admin

May 4th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *