Вести

БЛАГОДАРНОСТ И ИЗВИНУВАЊЕ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ УПАТИЈА ОД УПРАВАТА НА КК КУМАНОВО, ОВАА Е СМИСЛЕНО СЦЕНАРИО

БЛАГОДАРНОСТ И ИЗВИНУВАЊЕ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ УПАТИЈА ОД УПРАВАТА НА КК КУМАНОВО, ОВАА Е СМИСЛЕНО СЦЕНАРИО

Околу 40 лица се повредени , а 10 се приведени по синоќешниот инцидент на кошаркарскиот  финален натпревар на Куманово со МЗТ, – изјави денеска на пресс конференција градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски. Тој се извини на сите граѓани кои беа во публиката , рече дека полицијата употребила прекумерна и брутална сила врз навивачите удирајќи по жени и деца.

” На провокацијата од страна на клупата на МЗТ полицијата употреби брутална сила да ги избрка навивачите и љубителите на кошарката од спортската сала.  Од наша страна ке бидне поднесена пријава за ревизија на настанот бидејќи сметаме дека оваа е подготвено сценарио . Факт е дека само еден ден пред натпреварот на управата и раководството на тимот им било запретено дека ќе има вакво сценарио и употреба на сила” рече градоначалникот и упати голема благодарност  на играчите на Кошаркарскиот клуб Куманово, на тренерот, на претседателот  за целата игра и борбеноста на играчите кои покажаа голема желба за освојување на титулата која им беше ускратена.

‘’ Јас сум горд човек бидејќи оваа екипа докажа дека се зрели за прво шампионско место, но не на ваква кошарка каква сакаат да ја презентираат со активната политика во федерацијата, бидејќи очигледно е дека политиката завзема видно место во спортот и ја влече кошарката на дното. Сметам дека сите неправди ќе бидат надминати и спортот ќе го завземе местото таму каде што припаѓа”-, рече градоначалникот.

Тренерот , Марјан Србиновски рече дека од спортски аспект е задоволен од целокупната игра , но и  дека се разочарани од актуелната ситуација.

“Притисокот и нервозата кај играчите е уште од почетокот на плеј-офот,  ние работевме на тоа играчите да бидат посмирени, но не се трпи неправдата”- , вели Србиновски и рече дека судиите и федерацијата треба да го дадат одговорот за целата ситуација.

Александар Костоски вели дека и покрај целата неправда која е нанесена на клубот тие се чувствуваат како шампиони.

“ Разочарани сме многу но ни останува да бидеме единствени и еден ден пехарот ќе дојде и на наша маса, голема благодарност до нашата публика , до нашите подржувачи кои секогаш не мотивираат да играме подобро”- вели Костовски.

Според официјалната информација на МВР приведени се 9 лица , на шест им се напишани казни , а против три лица кои се малолетни постапката е во тек. Според МВР , во текот на третата четвртина од натпреварот од страна на публиката врз гостинските играчи се фрлени разни тврди предмети и недолично однесување при што од страна на делегатот во 20:28 часот е прекинат натпреварот, а од страна на иститот во писмена форма е побарано од страна на полицијата да се испразни салата за продолжување натпреварот.
Од страна на организаторот на разглас е побарано навивачите мирно да ја напуштат салата, меѓутоа истите започнале уште посилно да скандираат дека не сакаат да излезат, продолжувајќи со палење бакли и со фрлање на разни предмети кон теренот и полицијата, при што од страна на Единицата за брзо распоредување е пристапено кон празнење на салата со потиснување на навивачите.

По излегување од салата, навивачите продолжиле со нарушување на ЈРМ со фрлање на камења кон влезната врата на спортската сала, при што се скршени повеќе стакла и повредени се 3 полициски службеници, а оштетени се и две патнички моторни возила.

 

 

Igor Andonovik

May 28th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *