Вести
За еден час во Куманово казнети 80 возачи
Во Куманово за еден час казнети 80 возачи , изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
МВР денеска во Куманово, спроведе засилена контрола на сообраќајот .
Санкциите како што вели Ангеловски се изречени на возачи кои управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани возила, пречекорување на брзината на движење , а казнети се и возачи на мотори кои прават прекршоци.
Контролите продолжуваат , а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот за како што велат да се обезбеди безбедност на улиците .