Вести

КОЛУМНА : Кодот за отклучување на евроатланските порти е ЗА

КОЛУМНА : Кодот за отклучување на евроатланските порти е ЗА

Почитувани граѓани, нашата држава се наоѓа пред историски момент, а иднината на државата зависи од нашата мисла, свест и желба за една поубава и модерна држава. Договорот со Грција стави крај на долгогодишна агонија, мрак и изолација на Македонија, пронајдовме излез и тоа како победници. Единствена страна која што добива од договорот сме ние, бидејќи добиваме покана за влез во најсилниот економски сојуз ЕУ и најсилниот воен сојуз НАТО. Влегуваме во сојузите како македонци, со македонски јазик и со потврден идентитет. ПОБЕДА!

Скептицизмот за договорот и желбата да не се даде шанса на референдумот е желба да останеме да тонеме во живиот песок или како што порача Јоханес Хан да останеме изолирани. Сега е моментот да ја зграпчиме шансата, да го искористиме мастилото како најмоќно оружје и да кажеме дека сме ЗА оваа шанса, ЗА потврда на македонскиот идентитет, ЗА младите да добијат шанса на пазарот на трудот и да бидат вреднувани и безбедни.

Оние кои што најавуваат бојкот на референдумот се истите оние кои ја руинираа нашата татковина 11 години, кои политизираа се што “мрда” во државата и извршија грабеж! Истите тие луѓе денеска се прикажуваат како патриоти и бранители на името, ма немој! Слушнавме и видовме и што мислите, но и како работите. Со влезот во ЕУ, Македонија ќе биде постојано под мониторинг, односно условите за влез во целост ќе треба да бидат исполнети, а по влегувањето институциите ќе мора да работат исклучиво според уставот и законите. Ова значи дека судството, обвинителството, правобранителот, ќе мора да бидат независни и да носат чесни и праведни одлуки.

Следува процес на модернизација , зајакнување на економијата и зголемување на странските инвестиции, бидејќи Македонија ќе стане дел од најсилните сојузи. Аналогно на тоа, како безбедна држава ќе станеме атрактивни за странските инвеститори. Ајде да дадеме шанса, ајде да ги “оладиме” главите и на 30 ти Септември да излеземе да гласаме ЗА, ЗА стопирање на егзодусот на младите, ЗА стопирање на миграцијата на работната сила, ЗА вреднување на квалитетот, ЗА ЕУ и НАТО! Светот ја поддржува Македонија, останува уште самите да и посакаме се најдобро на нашата татковина.  Да не подлегнуваме на анти-државни пропагандии да донесеме самостојно одлука на 30ти Септември. Нека денот на 30ти Септември ни започне со позитивна мисла и желба за подобро утре, а зад параванот да заокружиме ЗА Европска Македонија!

Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Радио Бум. Вашите ставови и колумни ќе бидат објавени на веб страната на радио Бум, доколку се почитуваат сите стандарти на пишување, без навреда , клевета и дискриминација. * 

admin

September 7th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *