Вести

СДСМ: Од непочитување на мерките до енормно зголемување на ковид случаи

СДСМ: Од непочитување на мерките до енормно зголемување на ковид случаи

„Колективната свест и одговорност се пред сериозен тест, време е да престанеме со критикување, време е сите заеднички да дадеме свој придонес во борбата која ја водат здравствените работници, министерството за здравство, Владата“ , рече на денешната прес-конференција Томица Илиќ од општинската организација на СДСМ Куманово, организирана по повод една година од првиот регистриран случај на вирусот Covid 19. Toj посочи дека до денес во светот се заразени над 50 милиони луѓе во 190 држави и повеќе од милион се починати, а бројот на заразени и починати во нашата држава секојдневно расте. „Вирусот не е за потценување“, потенцира Илиќ.

-Борбата на медицинскиот кадар на инфективните одделенија нека биде наш поттик да ги почитуваме профилактичките мерки , во Куманово имаме околу 900 активни случаи и безмалку стотина хоспитализирани, непочитувањето на мерките и препораките не доведе во ситуација на енормно зголемување на бројките во Куманово. Доколку вистински и искрено ја почитуваме државата во која што живееме да покажеме почит кон самите себе и своето здравје, но и уште поголема почит кон здравјето на другите околу нас. Само на тој начин ќе покажеме зрелост како граѓани кои вистински се грижат за својата иднина, рече Томица Илиќ, ОО на СДСМ Куманово

Илиќ потсети дека министерството за здравство веќе објави дека е започнато тестирање за корона вирусот со брзи антигенски тестови во пет здравствени институции, а се очекува брзите тестови да бидат достапни и во Куманово.

-Во подготовка се и мобилните болници во повеќе градови во државата, Општина Куманово со ребалансот на буџетот одвои средства за обезбедување на сите предуслови за изградба на мобилна болница во Куманово и се очекува Куманово да биде меѓу првите градови кој ке добие ваков тип на болнички капацитет. За крај, ниту една мерка не може да ја промени нашата свест, освен ние самите, рече Илиќ.

Од општинската организација на СДСМ со апел до граѓаните да носат заштитна маска, да држат дистанца и да вршат редовна дезинфекција заради сопственото, но и колективното здравје.

Radio Bum

November 18th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *