Вести

КК Куманово лесно против Пелистер

КК Куманово лесно против Пелистер

Кошаркарите на Куманово го прекинаа билансот од два последователни порази, откако викендов на гостински терен без проблем го совладаа составот на Пелистер од Битола со резултат 67:87.

Уште на самиот старт кумановци ја прикажаа доминацијата. За првите 10 минути игра направија солидно водство со резултат 27:14, за да веќе на полувреме се замине со резултат 32:42.

По паузата Пелистер покажа иницијатива за подобра игра, па кошаркарите на Александар Петровиќ имаа само еден поен повеќе во овој период. Во последните 10 минути игра се влезе со резултат 53:64, односно водство за составот на сино-белите со 11 поени.

И последните десет минути на паркетот кумановци прикажаа подобра игра, па мечот заврши во нивна полза.

Најефикасен во редовите на Куманово беше Бранислав Ѓекиќ со 18 поени, еден помалку има репрезентативецот Адем Мекиќ, а двоцифрени поени имаат и Филип Стојановски, Лука Петровски и Игор Пенов. Думиќ поради повредата го прескокна и овој натпревар.

Кај поразените со 28 поени поентер на Пелистер, но и целиот меч беше Тајрон Харис.

Куманово досега бележи четири победи и два порази. Следното коло прави пауза поради непарниот број екипи во лигата, по што на 24ти месецов се враќа во игра против составот на МЗТ Скопје Аеродром.

Igor Andonovik

November 12th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *