Вести

Осама Муадини од Советот на општина Куманово побара бања со вода да се искапе

Осама Муадини од Советот на општина Куманово побара бања со вода да се искапе

Како протест со пакет вода и прибор за капење советникот Осама Муадини од Алијанса на Албанците побара од советот бања да се искапе, бидејќи како што вели 13 дена на неговата улица нема вода.

“Неодговорноста на директорот на Јавното претпријатие Водовод и на вработените е голема бидејќи 13 дена граѓаните се оставени без вода. Маките се големи , а оваа е мојот начин да се искаже револтот на граѓаните . Секое утро жителите на улицата Киро Фетак трчаат кај соседите да се капат. Оваа не е хумано и одговорност треба да има”- вели Муадини.

Улицата Киро Фетак спаѓа во првата зона , таму плаќаме и највисоки даноци, а оставени сме тринаесет дена без вода- додава Муадини

Директорот на Јавното претпријатие Водовод Горан Стојковски вели дека за два дена ќе биде саниран дефектот и водоснабдувањето ќе се нормализира.

“На 13 септември се случи првиот дефект на цевката на улицата Киро Фетак , дефектот беше саниран, но по само два дена на 3 метри се случи нов дефект. Водовод сега го санира најкритичното место во должина од 120 метри, наместени се и шибери за да сосаедните улици имаат вода. Oваа мрежа е стара изградена е во 1968 година, програмата за реконструкција е направена и треба да се донесе од страна на Советот на Општина Куманово. Водата се исклучува кога се работи, а кога ќе завршат вработените ја пуштаме повторно”- вели директорот Стојковски.
Тој додава и дека корисниците на улицата Киро Фетак се големи должници за неплатена потрошена вода. Според неговите информации долгот кон ЈП Водовод е 2 285 430 денари .

admin

September 24th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *