Вести

Две златни медали на државниот натпревар во Кик бокс за членовите на клуб “Предатор”од Куманово

Две златни медали на државниот натпревар во Кик бокс за членовите на клуб “Предатор”од Куманово

На државното првенство во Кик Бокс членовите на клуб Предатор од Куманово се вратија со две златни медали.

Најдобрите учесници на државното првенство од клуб Предатор од Куманово се Теодора Димковска која го освои првото место, а учествуваше во две борби. Виктор Андоновиќ прво место , Ана Илиевска со две втори места, Милица Ѓорчевска го освои третото место, Стефан Крстевски второ место , Бобан Маринковски трето место и Бојан Стојковиќ трето место, а најголемата награда за клубот е учеството и на најмладиот член на Предатор кој има само 12 години.

„Државниот натпревар се одржа во спортската сала на Работнички во Скопје ,а во организација на Кик бокс федерацијата на Македонија каде учествувале над 100 натпреварувачи од целата држава.
Конкуренцијата беше јака, а членовите на кик бокс Предатор го претставија клубот и градот во најубаво светло со две први места, две втори и три трети места„- вели Симона Крстевска член на Кик бокс „Предатор„.

admin

February 19th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *